Подгответе се за есенската потрага по (подобра) работа и издвојте се меѓу конкуренцијата.
Регионалниот саем за вработување, најголемиот онлајн настан од ваков вид во Македонија и регионот, ќе се одржи од 15 до 22 октомври. Ова е шанса која не смеете да ја пропуштите доколку барате (подобра) работа бидејќи се организира еднаш годишно, а ве очекуваат истакнати работодавачи од земјите од регионот: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Се што ви треба е Интернет! На саемот ќе можете да ги погледнете штандовите на работодавачите и да дознаете кои се моменталните отворени позиции, како и информации за поволностите што тие ги обезбедуваат за своите вработени.
Почнете да размислувате уште сега за подготовка на вашето CV, кои достигнувања сакате да ги нагласите и како сакате да се претставите пред работодавачите преку опцијата chat, која служи за да дознаете сè што ве интересира директно од работодавачот, а во исто време ви помага да се издвоите меѓу конкуренцијата.
Со оглед на тоа дека имате уште повеќе од еден месец до саемот, пријавете се за да добивате известувања за почетокот на саемот за да не го пропуштите и да добиете повеќе информации.
Саемот традиционално го организира водечкиот македонски портал за вработување Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Истакни се меѓу кандидатите, пријави се на ЛИНКОТ