Како сегашните и идните работници се чувствуваат во врска со вашата компанија?
Почитувани работодавачи и клиенти на Vrabotuvanje.com.mk,
Во тек е изборот на Најпопуларните работодавачи за 2024 година со примена на нова, подобрена методологија за истражување на перцепцијата на брендот наречена „Најпопуларен работодавач - rabotodavac.mk“.
Заедно со регионалните колеги и експерти, ја развивме оваа иновативна методологија која ги комбинира врвните знаења од областа на employer brandingи истражувањето на јавното мислење. Нашата цел е да им обезбедиме на работодавачите попрецизен и посигурен увид во тоа како испитаниците во Македонија ве доживуваат како посакуван работодавач.
Главни карактеристики на новата методологија:
- Top of Mind Awareness: Испитаниците самостојно ги внесуваат имињата на работодавачите кои ги сметаат за најпосакувани, без никакви предлози или понудени имиња.
- Современа платформа: Нашата нова платформа „ Најпопуларен работодавач “ им овозможува на работодавачите да добијат детален извештај за резултатите за нивната компанија веднаш по завршувањето на истражувањето.
Предности на новата методологија:
- Прецизност и доверливост: Напредните аналитички алатки и научни методи овозможуваат помалку прашања со поголемо влијание.
- Транспарентност и објективност: Оценувањето се заснова, на реални податоци со подетални повратни информации од вработените и јавното мислење.
- Брзи и релевантни извештаи: Вашиот извештај ќе биде достапен веднаш по објавувањето на резултатите од истражувањето, фокусирајќи се на вашите силни страни и области за подобрување.
Анкетата можете да ја видите и пополните на овој линк.
Покрај стандардните извештаи, нудиме и специјализирано Employer branding истражување кое досега не било достапно на нашиот пазар и кое може да се прилагоди на специфичните потреби на вашата компанија. Овие истражувања обезбедуваат уште подлабок увид во вашиот бренд како работодавач и може да се спроведат на целни групи на испитаници.
Нашата мисија е да ви помогнеме да станете најпопуларен и најпосакуван работодавач во Македонија, а нашата нова методологија е тука да ви обезбеди јасни упатства и поддршка за привлекување и задржување на најдобрите таленти.
За повеќе информации, контактирајте не директно на info@vrabotuvanje.com.mk или преку контакт формата на нашата веб-страница www.rabotodavac.mk.
Ваш Vrabotuvanje.com тим