Владата соопшти дека К-15 за годишен одмор што ќе биде исплатен за администрацијата и други вработени од јавниот сектор ќе изнесува 11.000 денари и дека ќе биде исплатен до крајот на декември.
„Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.
Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.
Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените“, соопшти Владата.
Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.