Стјуардесата Иоана Иашим, на социјалните мрежи откри поради што ги поздравува патниците додека влегуваат во авион и не се работи само за љубезност.
Имено, при поздравувањето, стјуардесите истовремено ги анализираат патниците за да утврдат дали некој е премногу пијан или премногу болен за да патува.
Оваа снимка на Иоана има повеќе од три милиони прегледи на „ТикТок“ и речиси 200.000 лајкови, а многумина корисници на „ТикТок“ велат дека никогаш не им текнало на она што го кажала Иоана.
„Јас мислев дека сум им само симпатична“, „Малку сум изненадена од оваа информација“, „Отсега треба да бидеме повеќе внимателни“, беа дел од коментарите под снимката.
Меѓутоа, неодамна друга стјуардеса, којашто на социјалните мрежи се претставува како „Mrs Miva“ потенцираше дека постои уште една причина поради која ги поздравува патниците. Имено, таа вели дека преку поздравувањето стјуардесите се обидуваат да проценат дали патниците се способни да си помогнат едни на други во случај на вонредна ситуација.