Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19,1%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (16,7%) - се наведува во соопштението на ДЗС.
Наспроти нив, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9%), Административни и помошни услужни дејности
(5,6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61.569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 отсто.