Не стивнуваат критиките на сметка на Скопје, градот кој како главен треба да личи на метропола и да ги задоволува потребите на бројните жители. За жал, граѓаните секојдневно сведочат дека градот е „хаос“ во секој можен аспект, а предничи во сообраќајниот метеж и неред, загадениот воздух, како и во нехигиената.
Сепак, за ова придонесуваат самите жители кои реагираат на овие проблеми, а како такви се директни учесници во сообраќајот и во еколошкиот аспект на околината. Се разбира, со чест на исклучоците кои „креваат притисок“ од несовесните сограѓани.
- Скопје полека, но сигурно станува и еден од најгрдите градови во Европа. Тоа дека е највалкан и најзагаден во Европа е одамна апсолвирано, и научно и секако, ама стана и ептен грд град. Овој дел па кај МТВ, МКЦ, карши Народна банка, отсекогаш бил крш. Мизерија. Алија Сиротановиќ, коментира еден твитерџија.
Коментари има и за сообраќајниот хаос, особено во денови кога ќе заврне дожд. Дождот дефинитивно не им е „пријател“ на скопските возачи.