Новата цена на нафтените деривати стапи на сила. Регулаторната комисија реши за последен пат во 2018та да ги намали цените на горивата.
Тоа значи дека од денеска на бензинските станици ширум државата возачите ќе ги полнат резервоарите со ЕУРОСУПЕР БС-95 по цени од 61 денари за литар а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цени од 63денари за литар.
Регулаторна одлучи цената на ЕУРОДИЗЕЛ (D-ЕV) да биде 58, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 46,5 денари за литар.
Пад бележат и цените на мазутот М-1 НС кој од утре веќе ќе се точи по 28,176 денари за килограм.
Овие цени ќе важат во следните две недели.
извор: фактор.мк