Малиот шведски град Гломерстреск во Лапонија нуди финансиска стимулација за луѓе кои би се доселиле кај нив.
Градот се соочува со сериозно намалување на населението и затоа властите одлучија да понудат атрактивни финансиски стимулации за семејствата што ќе одлучат да се преселат таму. Овие семејства ќе добијат речиси 900 евра, меѓутоа, постојат неколку услови. Условот е да имате деца на возраст помеѓу 6 и 15 години кои ќе посетуваат локално основно училиште најмалку една година.
Во 50-тите години градот имал околу 1.000 жители, но денес има само околу 200. Локалната заедница во градот покрена иницијатива да им понуди 875 евра на првите семејства што ќе се преселат.
Гломерстреск се наоѓа во срцето на лапонската дивина, опкружен со шуми и прекрасни езера. Областа е популарна кај љубителите на зимските спортови, како што се скијање, возење со санки и риболов на мраз. Во летните месеци можете да уживате во пешачење, риболов и кампување во недопрена природа.