Дефицит во кадар има и во пекарската индустрија. Младите работа бараат надвор од границите на државата, на во пекарите недостигот на вработени се надополнува со повозрасни кои останале во земјвата. Постојано вртат огласи за вработување, но никој не се пријавува за разбота, да научи занает и да работи во државата, вели Николче Малинов, сопственик на штипска пекара. Дециден е дека мора да се отворат школи за пекари, младите да одат на пракса со цел да има повеќе вработени, и да не се доведеме до ситуација да нема кој да прави леб.
„Нема луѓе кои сакаат да станат пекари така да ќе биде тешко во иднина некој се вработи како пекар бидејќи знаеме дека младите одат во странство. Ние се трудиме тоа да го поплниме со постарите генерации. Во догледно време не знам како ќе биде, треба овде државата да преземе нешто, да отвори школа за пекари“ – вели Малинов.
Во меѓувреме расте побарувачката на црниот леб во споредба со белиот. Малинов посочува дека граѓаните преферираат здрава исхрана.
„Традиционално лебот Тип 500 се бара најмногу, но морам да кажам дека во последно време се консумира и темниот или црниот леб“
Инаку, има надеж за намалување на цената на лебот за денар или два иако според Малинов сегашната цена на лебот од 30 денари е рална.
„Што се однесува до цената на лебот, мое лично мислење е дека оваа цена од 30 денари е реална. Можно е да има некое намалување за денар или два, со оглед на тоа дека континуирано платите растат.“ – вели Малинов.
Малинов е дециден дека моментално главниот проблем кога е во прашање производството на леб не е цената туку недостигот на кадар.