Просечната плата во Србија годинава ќе достигне 900 евра што е за три пати повеќе отколку пред 10 години кажа претседателот Александар Вучиќ од Њујорк.
„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.
Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат. Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.