Ако сакате добро да заработите во Германија, најдобро е да станете лекар, бидејќи оваа професија покрај углед носи и одлична заработка.
Првите две места на најплатените професии ги заземаат лекарите – главниот лекар на клиниките може да заработува речиси 200 илјади евра бруто годишно, а шефот на смената во болниците заработува нешто помалку – околу 121 илјада евра бруто, пишува Меркур.
Надвор од медицината најмногу заработува менаџер на погон во индустриските компании со заработка од околу 94 илјади евра бруто годишно, а регионалниот лидер во продажба може да заработува околу 90 илјади евра годишно.
Шефовите во трговските синџири можат да сметаат на околу 100.000 евра заработка годишно, а ИТ експертите околу 90.000 евра годишно.
Меѓу најмалку платените професии во Германија се вработените во кујна, фризери и келнери, кои можат да сметаат на околу 23.000 евра бруто заработка годишно.