Поради отварање на специјализирана продавница „Wine & Chocolate” во ТЦ Лептокарија,
АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место
ПРОДАВАЧ/КА ЗА СОПСТВЕНА МАЛОПРОДАЖБА
(2 ИЗВРШИТЕЛИ)
Работни задачи:
- Ја организира и реализира продажбата на готови производи во продавница
- Прави навремени нарачки на потребните производи
- Врши прием на производи и ја контролира квалитативната и квантитативната исправност на примените производи
- Ги складира примените производи, ги подредува на рафтовите, како и во специјалните садови
- Врши контрола на исправноста на производите во продавницата
- Запишува и води трговски книги
- Познава соодветни регулативи во однос на продажбата
- Се однесува во согласност со усвоениот Кодекс на однесување
Потребни квалификации:
- ССС (економски смер или гимназија)
- Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
- Организираност, аналитичност, ефективност
- Високо развиено чувство за естетски вредности, креативност
- Одлични комуникациски вештини и тимска работа
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време
- Можност за стручно усовршување
- Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
- Динамична работа во професионално окружување
- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции