Изгледа лесно е многу градови и нивните жители да се сметаат за пријателски расположени, но има многу критериуми кои влијаат на тоа дали туристите се среќни за да се вратат на одредени места.
Многу луѓе својот впечаток за градовите што ги посетуваат го засноваат на дружељубивоста и пријателството на локалното население или дали келнерот им носи кафе со насмевка и чувство на прифаќање.
Меѓутоа, кога се зборува за земји кои се пријателски, класификацијата е многу потешка. Карактерот и однесувањето на луѓето кои живеат во северните земји може да бидат многу различни во споредба со оние кои живеат во јужните земји, а истото важи за луѓето кои живеат во градовите и селата.
Сите тие разлики не го спречија магазинот Conde Nast Traveler’s Readers’ Choice Awards да создаде листа со 10 најпријателски земји во Европа, а сето тоа се базира на искуствата на читателите кои ги посетиле овие земји.
Според резултатите, убедливото прво место го зазеде Австрија со процент од 93,88 од 100, а претходната година оваа позиција ја имаше Ирска. Најзаслужна ставка за позицијата на Австрија е свесноста за животот и убавината на оваа земја, која ги привлекува туристите да ја посетуваат се повеќе и повеќе и да уживаат во се што има да понуди.
Иако Даблин не е на листата на најпријателски градови, Ирска се најде на второто место меѓу најпријателските земји.
Во продолжение ви го пренесуваме комплетното рангирање на најпријателските земји во Европа:
1.Австрија
2.Ирска
3.Хрватска
4/Португалија
5.Грција
6.Исланд
7.Швајцарија
8.Турција
9.Шпанија
10.Франција