Бројот на одобренија за градба во текот на август 2024 година изнесувал 275, и тој е за 20,1 отсто помалку отколку истиот месец 2023 година, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на објектите за кои се добиени одобренија ќе надминува 4 милиони денари
- Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.851.654 илјади денари, што е за 31,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година - се истакнува во соопштението на ДЗС.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, најголем дел или 60 отсто се наменети за објекти од високоградба. Тоа се 165 нови висококатници кои треба да се изградат во следниот период. Од вкупниот број одобренија, 45 или 16,4 проценти се за објекти од нискоградба, додека пак 65 објекти 23,6 проценти за објекти за реконструкција.
Повторно во поголем број како инвеститори се јавуваат граѓаните. Имено, од вкупно 275 објекти, на 167 или 60,7 проценти инвеститори се физички лица, додека пак на 108 или 39,3 отсто од одобренијата инвеститори се деловни субјекти.
Со овие издадени одобренија, предвидено е изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52.648 метри квадратни.