По повод претстојниот државен празник „Ден на народното востание“ од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека денес (11.10.2024 година-петок) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани, освен паркиралиштето Дилајла со автоматска наплата.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 12.10.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.