Вкупно 50.227 туристи од Турција во август ја посетиле Македонија, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС
Според Извештајот на ДЗС, во август, Македонија ја посетиле вкупно 102.061 странски туристи, односно 114.811 домашни туристи.
Бројот на ноќевања во август достигна 911.478, со 74,3% од домашните туристи и 25,7% од странските.
Во периодот јануари – август 2024 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на туристите се зголемил за 8,3%. Кај домашните туристи има намалување од 0,9%, додека кај странските туристи се забележува зголемување од 14,4%.
Извор: stat.gov.mk