Некои од најпопуларните брендови на цигари, вклучувајќи ги Родео, Бос, Давидов и Вест, од вчера имаат повисоки цени, односно се продаваат поскапо за 10 денари.
Со почетокот на годинава, во Македонија стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ќе ги опфати цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ.