Макстил АД – Скопје е составен дел на групацијата DITH, со седиште во Лугано, Швајцарија. Главен фокус на компанијата е производството на зелен челик со употреба на рециклирано железо, а како независен производител на топловалани дебели лимови, го надополнуваат широкиот асортиман на групацијата DITH.
Производите на Макстил се користат во бродоградбата, при конструкција на мостови, за изградба на резервоари за нафтени деривати, производство на садови под притисок, производство на цевки, производство на машински делови и алати. Преку групациската и сопствената продажна мрежа нивните производи се достапни на пазарите во САД, Канада, Европската Унија, Турција, како и во регионот.
Макстил нуди флексибилност и еднакви можности за сите. Ги почитува принципите на недискриминација врз основа на пол, возраст, етничка припадност или религија, ја почитува старосната граница за вработување. Развива специјални програми за практична работа и стипендирање на средношколци и студенти, преку кои обезбедува инклузија на младите, мотивирани и амбициозни луѓе кои би сакале да работат во челичната индустрија и заедно со нив да градат подобро општество за сите нас.
Погледнете што се нуди:
Машински техничар
линк за повеќе детали и аплицирање
Електричар
линк за повеќе детали и аплицирање
Работник во производство - леар
линк за повеќе детали и аплицирање
Дигалкар
линк за повеќе детали и аплицирање
Дознајте за можностите за вработување во Makstil
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Makstil на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 15-22 октомври.