![Денес автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/82/e9e0dc28-resize-820x0x100.jpg)
Од ЈСП Скопје соопштија дека денес, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација, кои ќе работат од 8 до 14 часот на Транспортен центар, во Ѓорче Петров и на Зелен пазар.