Нови случаи на „исчезнување“ на работници од Непал во Македонија.
Станува збор за К.Д.Б (25) и Т.М.А. (34), кои работеле во скопски Аеродром во приватна фирма, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Изминативе месеци од Македонија „исчезнаа“ голем број на работници од Непал, во различни градови, кои се дојдени во земјава за да работат.
Повеќе од очигледно е дека голем број од работниците од Непал доаѓаат во Македонија за да пребегаат во некоја од земјите на Европската унија.
Извор: emagazin.mk