Управата за јавни приходи одлучи да го продолжи рокот за регистрирање во ситемот е-Персонален данок откако дел од даночните обврзници не го сториле тоа навреме.
Рокот за регистрација истече на 31 декември 2018 година, а првичната бројка на поднесени барања за регистрирање е 650.000. Според УЈП, оваа обврска треба да ја направат 920.000 граѓани, иако во оваа бројка влегуваат десетици илјади пензионери ослободени од обврската.
Регистрацијата ќе може да се направи денес и во наредните денови, велат од УЈП за 24 Вести. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес бидејќи, како што велат од Управата, не им е целта да казнуваат.