Интернет форуми, социјални мрежи и дискусии во живо - во која било форма, ова прашање е секогаш актуелно и никогаш не можеме да дојдеме до конечен одговор.
Некој ќе ви каже дека е многу порационално да го оставите бојлерот вклучен цел ден и ноќ, бидејќи тогаш не мора да ја грее целата вода, туку само да ја догрева, други ја застапуваат теоријата дека најдобро е да се вклучува само кога е потребно. А, еве што за таа дилема вели сервисер на овие апарати за домаќинство.
„Апсолутно не е точно дека е подобро за паричнинот постојано да го држите бојлерот вклучен. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Така, доколку се работи за самец или брачен пар, порационално е да го вклучат бојлерот кога е потребно. Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е бојлерот да е постојано вклучен бидејќи во секој момент некому ќе му треба вода“, вели сервисерот.
„Голема улога игра и намената на бојлерот - ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш пологично е повремено да го вклучувате, а ако се работи за проточен бојлер што го користите и за кујнски потреби, тогаш најверојатно многу ретко ќе го исклучувате“, додава тој.
Затоа, поекономично е да го вклучите кога е потребно, а доколку внимавате на штедење, ќе гледате да го вклучите во поевтината тарифа.
Што се однесува до продолжувањето на животниот век на бојлерот, како што објаснува овој мајстор, не е важно дали работи постојано или не сѐ додека сите делови се во ред, бидејќи „не е човек на кој му треба одмор“.
„Цаката која, од друга страна, навистина функционира е да го поставите термостатот на 55-60 степени. Највисоката вредност на која го поставувате нека биде можеби 60. Под 55 не се формира бигор. Од друга страна, ако термостатот постојано се поставува на 90, ќе се формира многу повеќе бигор, особено со овдешните услови, бидејќи нашата вода е тврда“, завршува сервисерот на бојлери.
Извор: kajgana.com