Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои оствариле право на надомест за купување на печки на пелети од вториот јавен повик, кој беше распишан кон крајот на ноември 2018 година. Субвенции ќе добијат околу 200 граѓани.
Висината на субвенциите изнесува до 50 отсто од сумата платена за печката, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност. Целосната ЛИСТА ја има на веб страната на Министерството за економија.
извор: gostivarpress.mk