Најголемиот авиопревозник во нашата држава со години наназад е нискобуџетната унгарска компанија „Визер“.
Главниот извршен директор на „Визер“, Џозев Варади во интервју за Алфа ТВ говореше на повеќе теми.
На прашање дали можеме да очекуваме други дестинации од и до Македонија, еден од водечките луѓе на „Визер“ кажа:
-Да, може. Ќе бидете известени кога тоа ќе се случи. Не би сакал да шпекулирам, но тековно разгледуваме нови дестинации за збогатување на македонскиот пазар, кажа Варади за Алфа Тв и додаде:
– За нас работат веќе 300 вработени од Македонија. Не се сите во Скопје, голем број од вработените Македонци се во други оперативни бази, но и во нашата дирекција, на пример во Будимпешта. Се разбира дека сме заинтерсирани да вработиме уште повеќе Македонци. Имаме во план да вработиме голем број луѓе. Во следните 2-3 години планираме да вработиме уште 5000 луѓе.