Велика Британија започна со првата четиридневна работна недела со поддршка од владата, овозможувајќи повеќе од илјада вработени да работат помалку денови без намалување на платите.
Седумнаесет компании, вклучувајќи ги British Society for Imunology и Crate Brewery, ќе го тестираат пократкото работно време, а некои ќе се одлучат за модел од девет дена во две недели, известува Guardian.
Се очекува дека уште четири компании ќе им се приклучат наскоро.
Во моментов, речиси 200 британски компании веќе трајно го прифатиле ова работно време по почетното започнување на кампањата во 2022 година.
Функционерите на Лабуристичката партија, вклучувајќи ја потпретседателката на владата, Ангела Рејнер, изразија поддршка за овој концепт на работа. Сепак, партијата се уште треба официјално да ја усвои оваа политика.
„Не мораме повеќе само да ја замислуваме четиридневната работна недела, бидејќи таа веќе е реалност за стотици компании и десетици илјади работници во Обединетото Кралство“, рече Џо Рајл, директор на кампањата Four Day Week.
Шестмесечниот тест што беше спроведен во 2022 година вклучи 61 компанија, резултатите од тестирањето беа објавени во февруари оваа година.
Извор: b92.net