Последен повик за пријава и учество
Рокот за учество во Pulser - Истражувањето за задоволство на вработените и Наградата „Најдобар работодавач“ за 2024 година, истекува наскоро. Доколку сè уште не сте имале можност да учествувате, ова е вашата последна шанса да се пријавите.
Зошто да учествувате?
- Препознајте ја вашата извонредност - Освојте награда која е признание за вашиот труд за создавање позитивна работна средина;
- Зголемете ја конкурентноста на пазарот на труд - Освојувањето на оваа награда ви овозможува да се истакнете како работодавач кој се грижи за своите вработени;
- Повратни информации - Истражувањето ви дава драгоцени повратни информации за задоволството на вашите вработени и областите за подобрување.
Како да учествувате?
Учеството е едноставно. Сè што треба да направите е да се пријавите за да учествувате! Вашите вработени можат да го пополнат онлајн прашалникот на нашиот портал до 30 ноември. Преку ова истражување, оценуваме различни аспекти на компаниската култура, задоволството на вработените и работните услови во вашата организација. Во рок од неколку дена од завршувањето на собирањето на податоците, ќе добиете готов извештај и веќе сте во конкуренција за доделување на наградата „Најдобар работодавач“!
За повеќе информации или помош при регистрација, слободно контактирајте не.
Не пропуштајте ја можноста да покажете дека сте извонреден работодавач и да си обезбедите место меѓу најдобрите!