Некои од нив предизвикуваат страв само со своето име, а некои навистина се опасни за нашето здравје. TurnerFox објави листа со 13 најстрашни професии во светот.
Затоа, доколку сè уште не сте ја донеле одлуката за вашиот костим вечерва, а вообичаените решенија и ликови како Дракула, чудовиштето на д-р Франкенштајн или Волдеморт веќе ви се здосадиле, можеби во оваа листа се крие инспирација за изглед со кој ќе блеснете на забавата по повод Ноќта на вештерките.
Форензички ентомолог
Иако самото име на професијата и не звучи премногу страшно, неговото место на врвот на оваа листа е сосема заслужено. Имено, форензичката ентомологија е наука која се занимава со проучување на инсекти пронајдени на местата на злосторства и тела, сè со цел да се утврди колку што е можно попрецизно времето на смртта. Значи, покрај тоа што истражуваат ужасни злосторства, форензичките ентомолози го прават тоа со помош на гадливи и лигави „партнери“. Благодариме, но не, благодарам!
Ловец на духови
Да, оваа професија навистина постои, како и бројни професионалци ширум светот кои својот работен век го посветиле на проучување на паранормални феномени. Ночите ги поминуваат во опседнати куќи, хотели и други окултни места за да истражат дали навистина постојат духови и други мрачни сили.
Ловец на ракови на Алјаска
Уште еден „ловец“ на нашата листа... И покрај помалку злокобното име во однос на претходната професија, храбрите луѓе кои во ладните мориња на Алјаска ловат ракови всушност се занимаваат со најсмртоносната работа во светот, со 300 смртни случаи на 100.000 луѓе! Најчестите причини за смрт се давење и хипотермија.
Чистач на места на злосторства
Откако полицијата и форензичкиот тим ќе ги соберат доказите, некој мора да го исчисти нередот што останува зад нив. Нема да навлегуваме во детали за тоа што сè на крајот од работниот ден завршува во вреќата за ѓубре – сигурни сме дека тоа можете и сами да си го замислите.
„Скокач во чад“
Овој малку несмасен превод на англискиот израз „Smoke jumper“ ги претставува пожарникарите специјализирани за гаснење на големи шумски пожари. Овие работници секојдневно го ризикуваат својот живот за да ги спасат нашите шуми и сите што живеат во близина.
Рудар
Освен што секојдневно копаат длабоко во пукнатините на земјата за да ископаат и извадат на површина материјали без кои нашите животи се незамисливи, рударите се занимаваат со една од најсмртоносните професии – годишно во светот загинуваат околу 15 илјади рудари.
Воден рудар на платформа за подводно дупчење
Замислете дека копате руда, но под вода... Околу вас има ајкули... и запаливо масло! Да, ова дефинитивно би го прескокнале.
Техничар за бомби
Ги запознавме низ безброј акциони филмови, каде што или играат улога на херој кој го спасува денот или несреќна жртва која треба да послужи како доказ за моќта на главниот негативец. Слично е и во реалноста. Еден погрешен потег и погрешно пресечен кабел – и играта е завршена. Не ни се допаѓаат овие шанси...
Техничар за криогеника
Повеќето од нас се запознаени со приказната дека основачот на Disney, Волт Дизни, пред неговото заминување во „оној“ свет, на самртна постела се согласил да го замрзнат неговото тело до моментот кога медицината ќе напредува и ќе може да го врати во живот. Иако неговата ќерка подоцна потврди дека таа приказна не е вистинита и дека стариот Волт всушност бил кремиран, криогено замрзнување на целото тело, или само на неговиот најважен дел - мозокот, денес веќе не е фикција. Реални се и техничарите за криогеника, односно лицата задолжени за грижата за замрзнатите клиенти на нивните услуги.
Ловец на бури
Како што забележувате, ловците ни се особено драги. Тука станува збор за луѓе кои ги следат бурата, торнадото и ураганите – новинари, фотографи и сниматели кои посветено излегуваат на терен за да не информираат за временските (не)прилики околу нас.
Учесник во клинички испитувања на лекови
Некои од нас ги „полнат“ своите домашни буџети со учество во медицински испитувања на нови лекови. Очекувано, со оглед на тоа дека станува збор за недоволно истражени медицински препарати, ваквата заработка носи голем ризик. Едноставно, не можеме со сигурност да знаеме како нашиот организам ќе реагира на одреден лек, па затоа оваа работа може да се нарече медицинска рулетка.
Погребник
Опкружени сте со мртви тела. Секој ден. Мислиме дека тоа кажува сè.
Советник за вработување
И на крај, најстрашната професија во светот... Работата на портал за вработување! Се шегуваме, се разбира… Иако, при објавата на оглас за некое „страшно“ работно место, како овие на оваа листа, понекогаш и нас знае да нè облее ладна пот.