Министерот за внатрешни работи, во рамки на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, потпиша меморандум за меѓусебно признавање на возачките дозволи помеѓу двете држави.
Овој договор овозможува граѓаните на Македонија и ОАЕ кои имаат возачки дозволи од категориите А, Б и БЕ да ги користат без потреба од нивна замена или повторно полагање. Оваа новина значително ќе ги намали административните процедури и трошоците, особено за над илјада македонски граѓани кои живеат и работат во ОАЕ.
Дополнително, меморандумот отвора можности за унапредување на безбедносната соработка, борба против тероризмот и спречување на организираниот криминал, корупцијата и трговијата со луѓе.
На средбата, министерот отвори и прашањето за можно укинување на визите за македонските граѓани, со цел зајакнување на туристичката, економската и културната соработка меѓу Македонија и ОАЕ.
Извор: 4news.mk