Крипто претприемачот Џастин Сан во петокот го исполни своето ветување што го даде откако потроши 6,2 милиони долари за уметничко дело кое прикажува банана залепена со леплива лента на ѕид – со тоа што го изеде овошјето. Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата – ја изеде бананата.
„Ова беше многу подобра од други банани…Навистина има добар вкус“, рече Сан.
Концептуалното дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателан беше продадено на аукција на Сотби во Њујорк минатата недела, со Сан како еден од седумте понудувачи. Сан рече дека чувствувал „неверување“ во првите 10 секунди откако ја добил понудата, пред да сфати дека „ова може да стане нешто големо“.
Во наредните 10 секунди, решил дека ќе ја изеде бананата. „Јадењето на бананата на прес-конференција може исто така да стане дел од историјата на уметничкото дело,“ рече тој. Ова дело предизвика контроверзии и покрена прашања дали тоа треба да се смета за уметност – што беше целта на Кателан.
Извор: yahoo.com