До 31 декември трае рокот до кога треба да се заменат возачките дозволи со старото уставно име на државата, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во рамките на нивната апел-кампања, од МВР упатуваат повик до граѓаните навреме да ги заменат возачките дозволи, со цел да не се создаваат непотребни турканици.
Оттаму информираат оти сите капацитети на МВР и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните за смена на возачките дозволи до редовниот рок, без доцнење.
Министерот за внатрешни работи минатиот месец рече дека околу 200 илјади граѓани останува да ги променат возачките дозволи со „Република Македонија“ со вакви исправи со новото уставно име.
Со новата машина за печатење на лични документи, што е ставена во функција во МВР, министерот вели дека овие возачки дозволи може да се испечати за не повеќе од 20 дена.
Министерот посочи и дека доколку на возачките дозволи не им е истечен рокот на важност, нивната замена нема да биде на трошок на граѓаните во делот којшто се исплаќа кон државата за производство на возачката дозвола.
Извор: 360.stepeni.mk