Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.
Истата компанија минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.
Од Скопје ќе се лета до Париз, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град.
Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид дека унгарската ниско буџетна компанија „Визер“ одржува летови меѓу Скопје и аеродромот Буве, што се рекламира како лет до Париз. Сепак, за разлика од Буве, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз, од аеродромот „Орли“ има само 20 километри.
Минатата година „Визер“ превезол 39.918 патници од Скопје до Париз.