Како да одговорите на прашањето “зошто баш вие“ ќе зависи од вашето работно искуство по што се разликувате од останатите кандидати кои ќе аплицираат на отвореното работно место.
Порталот About.com ги прибра најдобрите одговори на ова прашање помеѓу своите читатели.
Погледнете како тие би му објасниле на работодавачот зошто се најдобрите кандидати за некое работно место и какви квалитети би нагласиле при одговарање на истото.
Недоволно работно искуство
“Иако немам работно искуство сметам дека треба да ми дадете шанса бидејќи сум подготвен да учам и да ги надградувам своите знаења. Освен тоа, брзо учам и брзо се прилагодувам во секоја работна околина, а добро се снаоѓам и во новонастанати ситуации“.
Своето тврдење советуваме дека треба да поткрепите со кратки и конкретни примери. Тоа може да биде пример од вашето секојдневие, ситуација во која сте се пронашле во текот на вашето образование или додека сте се занимавале со некое хоби.
Најдобар сум
“Треба да ме вработите бидејќи сметам дека сум најдобриот кандидат. Мотивиран сум, спремен да ја одработам секоја работна задача која ќе ми биде доверена и притоа да дадам се од себе. Не се плашам од непознато и секогаш сум отворен кон нови работи“.
И во овој случај, одговорот е добро да се поткрепи со конкретни примери, а уште подобро доколку можете да истакнете дека овие атрибути доаѓаат од вашиот ментор, професор или претходен работодавач.
Уникатност
“Верувам дека секој кандидат којшто дојде на интервјуто може добро да ја работи оваа работа. Она по што јас се разликувам е тоа што во работата секогаш внесувам ентузијазм и давам се од себе да ги завршам задачите што е можно подобро. На пример, имам четворица браќа и сестри. Мојот постар брат и сестра имаат одлична кариера – и двајцата работат напорно целиот свој живот, а почнаа од нула. Мојата помлада сестра по четврти пат доби унапредување, а помладиот брат пред шест месеци започна да ја работи својата прва сериозна работа, а денес шефот го посочи како пример за одличен работник. Не мора да верувате дека “јаболкото не паѓа подалеку од дрвото“, но можам да ви кажам дека и јас сум ист како нив. Имам страшна волја и барам перфекција, а верувам дека вие барате работник кој добро ќе ја заврши својата работа“.
Понекогаш раскажувањето на приказна или анегдота може да остави поприлично добар впечаток кај работодавачот бидејќи покажува колку сте мотивирани и добри во она што го правите на еден сосема уникатен начин. Пред секое интервју за работа, советуваме да размислите дали имате некоја интересна приказна која сакате да ја споделите со вашиот потенцијален работодавач. Искуството покажува дека тие приказни можат да направат разлика!