Новиот закон во Германија треба да ја олесни миграцијата на квалификувани работници. На германската економија и недостасуваат експерти, а демографските промени само ќе го зголемат недостатокот на работници.
Ова се некои од најважните прашања и одговори во врска со новиот закон за доселување.
Кога ќе почне да се применува законот?
Законот мора да биде одобрен од страна на Парламентот и се очекува да стапи на сила во почетокот на 2020 година.
Кој се смета за стручна работна сила?
Универзитетски професори со висока стручна подготовка и работници со квалификувано стручно образование кои се признати во Германија.
Кои се измените во законот?
Ако се уште немате договор за работа, но можете да докажете дека сте стручно способен за работа, ќе добиете виза за шест месеци за да најдете работа. За тоа време лицата кои ќе бараат работа ќе можат да работат до 10 часа неделно, односно да бидат на пробна работа или да одат на пракса. Предуслови се добро познавање на германскиот јазик, односно B2 ниво и доволно пари за живот.
Во кои професии недостигаат стручњаци?
Требаат доктори, физиотерапевти, медицински сестри, ИТ стручњаци, инженери и работници во градежништвото, стручњаци во мехатроничка, електротехничка и енегретска технологија како и други професии (математика, информатика, природни науки и техника).
Каде странските квалификувани работници можат да најдат информации за работа во Германија?
Повеќе јазичниот портал make-it-in-germany.com ги спојува информациите за барање работа, квалификациите, јазичните курсеви, визите, работното опкружување и формалностите во секојдневниот живот.
За признавање на професионалните квалификации можат да се добијат информации на порталот anerkennung-in-deutschland.de.