Побарувачката за луѓе кои ги разбираат податоците и знаат како да ги толкуваат за да го подобрат бизнисот далеку ја надминува понудата. Имено, доколку сакате да заработувате 7.000 евра месечно работејќи од дома, размислете за кариера како аналитичар на податоци.
Аналитичарот на податоци собира, организира и толкува необработени податоци за подобро да ги разбере операциите на компанијата.
Користејќи алатки како Excel, SQL и Tableau, аналитичарите ги идентификуваат трендовите и создаваат визуелизации, анализирајќи ги клучните метрики како што се продажбата, сообраќајот на веб-страниците и регулаторните ризици, за да го подобрат работењето на компанијата.
- Нишата за анализа на податоци е поле кое брзо расте што на потенцијалните вработени им нуди одлични плати, стабилно и сигурно работно место и флексибилност - вели Лиза Гевелбер, потпретседател на Google и основач на онлајн курсот Grow With Google.
Бидејќи сè повеќе деловни одлуки - од оптимизирање на работните процеси до предвидување на однесувањето на клиентите - се потпираат на податоци, не е изненадување што побарувачката за стручни аналитичари на податоци е на највисоко ниво на сите времиња. Според истражувањата, анализата на податоците е една од најбараните вештини оваа година.
Побарувачката за аналитичари на податоци се предвидува да порасне за една третина во следните десет години, три пати повеќе од која било друга професија. Исто така, според податоците на Google, најпребарувани термини оваа година биле оние кои се однесуваат на подобрување на вештините за анализа на податоци. Во моментов има недостиг од 300.000 професионалци за анализа на податоци во САД.
Како да станете аналитичар на податоци без диплома
Се повеќе компании вработуваат аналитичари на податоци без високо образование поради големата побарувачка на пазарот на труд. Повеќето отворени позиции бараат диплома од средно образование, со дополнителен сертификат или стручен курс.
Аналитичарите на податоци мора да бидат вешти во работа со табеларни пресметки и програмски јазици, да визуелизираат и презентираат обработени податоци и што е најважно, да можат да решаваат проблеми. Се препорачува и употреба на вештачка интелигенција за чистење и уредување на податоци, кодирање и визуелизација.
Натпросечна плата и работа од дома
Побарувачката за аналитичари на податоци постои во речиси сите сектори, но тие се најбарани во производствениот, здравството, технологијата и финансискиот сектор. Некои од поврзаните занимања вклучуваат анализа на деловни системи, дизајн на бази на податоци и администрација на бази на податоци.
Она што е дополнително атрактивно е платата која во просек изнесува околу 8.000 евра месечно (околу 100.000 евра годишно), додека во некои сектори може да достигне и 12.000 евра месечно.
Со сето тоа, работата од дома обезбедува дополнителна флексибилност, бидејќи без разлика каде живеете, побарувачката за експерти кои ги разбираат податоците и знаат како да ги користат за подобрување на вашиот бизнис далеку ја надминува понудата.
Извор: faktor.mk