Албанија на една година ќе го забрани ТикТок, со што стана првата земја на Балканот што го направила тоа.
Забраната ќе стартува на почетокот на следната година, а според албанските власти истата е поради загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата.
Грција планира да воведе низа регулативи со цел да се спречи дигиталната зависност кај младите корисници под 15 години и да се заштитат од опасностите од прекумерна изложеност на социјалните мрежи.
Неколку земји како Франција, Германија и Белгија веќе воведоа вакви ограничувања за децата.
Во Австрија исто така веќе има забрана за пристап до социјалните мрежи за сите помлади од 16 години.
Извор: emagazin.mk