Стотици учесници облечени како дедомраз денеска трчаа два километри низ центарот на Скопје.
Меѓу учесниците имаше и деца, додека најбрзите рекоа дека очекуваат 2025 година да им донесе повеќе среќа на сите.
Организаторите на оваа трка наречена „Прв до врв“ (First to the top) поделија и награди за најбрзите учесници, но и новогодишни пакетчиња за децата.