Во текот на последната година регистрирани се околу 100.000 нови автомобили повеќе отколку лани. Дacia Sandero е апсолутен лидер на пазарот, следен од VW Golf и Renault Clio. За разлика од претходните години, европскиот лидер Golf веќе не ја задржува водечката позиција, иако останува популарен. Во 2022 година, Европјаните го фаворизираа Peugeot 208, минатата година Tesla Y беше најпопуларен електричен модел, а оваа година лидерот е Dacia Sandero.
Продажбата по модели во првите 11 месеци од 2024 година изгледа вака:
- Dacia Sandero – 245.686 регистрации
- Volkswagen Golf – 198.886 регистрации
- Renault Clio – 195.930 регистрации
- Volkswagen T-Roc – 187.339 регистрации
- Peugeot 208 – 183.740 регистрации
- Tesla Model Y – 180.682 регистрации
- Toyota Yaris Cross – 178.922 регистрации
- Skoda Octavia – 167.175 регистрации
- Toyota Yaris – 164.496 регистрации
- Dacia Duster – 157.287 регистрации
Dacia има два модели меѓу првите 10, со Dacia Sandero која ја води листата, со 14% повеќе продажба во однос на минатата година. Golf е втор со околу 199.000 продадени единици, додека Clio е трети со само 3.000 помалку од Golf. Голфот бележи пораст од 20%, а Clio 9%. Dacia Duster, и покрај падот на продажбата од 20%, успеа да се најде меѓу првите 10, додека Tesla Model Y, иако забележа пад од 20%, останува најпродаван електричен автомобил во Европа.
Извор: faktor.mk