Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани до владата ќе поднесе инцијатива со која ќе се побара воведување на седумчасовен работен ден.
Меѓутоа, УПОЗ ќе бара прогласување на 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови.
Ова денеска го најави претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски кој посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските трендови и во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.
– Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација, изјави Грујовски.
Од УПОЗ предлагаат 2-ри јануари повторно да биде прогласен за празник а традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, сметаат дека треба да продолжи и покрај 1-ви и 2-ри мај да биде прогласен за празник.
извор: фактор.мк