![Швајцарија од 1 јануари забрани носење бурка на јавни места](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/43/b6254f34-resize-820x0x100.jpg)
Оваа иницијатива била одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година
Во Швајцарија, од 1 јануари стапија на сила новите закони со кои се забранува носењето бурка, заедно со законите за борба против детските бракови, зајакнување на обновливите извори на енергија и спречување на банкротирање на големите банки, пренесува „Свисинфо“.
Контроверзната забрана за покривање на лицето на јавни места, стапи на сила од 1 јануари, а прекршувањата ќе се казнат со парична казна до 1.000 швајцарски франци.
Швајцарија е шеста европска земја во која има ваква забрана, вклучувајќи ги соседните Франција и Австрија. Оваа иницијатива била одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година.