За македонските возачи кои возат на дизел би било пожелно да си наточат гориво веќе денеска, бидејќи во наредните денови тој ќе биде поскап за дури два денари.
Имено, регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,01 отсто.
Од 17.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 79,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 81,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,336(денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 ден/кг и сега ќе изнесува 46,336 ден/кг
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Извор: faktor.mk