Денешните ниски температури се чини ќе бидат последниот удар на оваа зима. Студено ќе биде и понатаму но температурите нема да одат толку длабоко под нулата како во последните неколку недели.
Веќе од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на идната недела ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.
Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег. Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на идната недела кога се очекуваат максимални 8 степени, а минималните температури ќе останат над нулата.
Еден исклучително студен ден ќе имаме на крајот од идната недела за кога се очекува преодно разведрување. Доколку се исполнат прогнозите и денот биде ведар, се очекува ноќта температурата да падне и под минус 15.
Но ваквата состојба според синоптичарите нема да се задржи долго бидејќи се очекува ново наоблачување кон крајот на месецот кое повторно ќе ги подигне температурите.
И се гледа крајот и на оваа зима - временска прогноза до крајот на јануари
Aktualno
-
Бидете внимателни: Се појавија лажни профили за продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје.
-
Колку европските народи се задоволни од животот: Финците на врвот, а еве кој е на дното
Просечната оценка за задоволство со животот на граѓаните на Европската Унија во 2023 година изнесуваше 7,3 на скала од 0 до 10, објави Евростат, а Финците се оценети како најзадоволни од животот.
-
Белгијците заработуваат до 810 евра со возење велосипед до работа
Возењето велосипед до работа во Белгија не е добро само за здравјето, туку и за паричникот. За секој километар што ќе го поминат на пат до фирмата каде што работат добиваат надомест од 0,28 евра. Некои од нив заработуваат и до 810 евра годишно. Беше објавено дека секој шести белгиски работник со велосипед отишол на работа минатата година и го добил овој бенефит.
-
Барате работа? Овие индустрии се очајни за работници
Ако барате да најдете нова работа оваа година, не сте сами. Според новото истражување на LinkedIn, повеќе од половина (58%) од вработените ширум светот планираат да бараат нова работа оваа година. Во Соединетите Држави, бројот на кандидати по отворена работа на LinkedIn се зголеми од 1,5 во 2022 година на 2,5 во есента 2024 година.
-
Дали готвачите ќе добијат бенифициран стаж?
Италијанскиот министер за земјоделство и прехранбен суверенитет, Франческо Лолобричида, најави нов предлог-закон кој предвидува италијанските готвачи да добијат бенифициран стаж – барање кое италијанската Федерација на готвачи го истакнува со години.
-
Плаќаме парно, а живееме во студ – жителите на Центар три дена без греење
Три дена прекини во парното греење – ова е проблемот на многу жители во Центар, кои во услови на ниски температури се принудени да се справуваат со студот во своите домови.