Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, соопшти дека просечната плата во Србија за ноември првпат ја надминала границата од 100.000 динари, достигнувајќи 100.738 динари (861 евро). Тој додаде дека официјалните податоци од Републичкиот завод за статистика ќе бидат објавени утре.
– Ова е првпат просечната плата да надмине 100.000 динари, што е приближно 861 евро. До крајот на годината очекуваме просечната плата да достигне меѓу 910 и 920 евра, а нашата цел е до декември да ја надминеме границата од 1.000 евра – изјави Мали за ТВ Пинк.
Мали потсети дека од 1 јануари:
- Платите во јавниот сектор се зголемени за 8%,
- Пензиите се зголемени за 10,9% од декември 2023,
- Минималната плата е зголемена за 13,7%.
Извор: lider.mk