Минималната плата во Македонија во моментов е 22.567 денари или 367 евра.
Ако двајца возрасни во семејството земаат минимална плата, тие можат да купат едвај половина од основните производи, што значи дека, според минималната синдикална кошничка, која е пресметана на 63.252 денари, за да го „протуркаат“ јануари ќе им недостасуваат уште 18.000 денари.
Во март треба да се случи законското зголемување на минималната плата што ја најави министерот Дурмиши – од сегашните 22.567 денари на 24.400 денари. Лани во регионот најнизок минималец од 316 евра имаа работниците во БиХ, но владата на федерацијата одлучи минималната плата во тековнава 2025 година да се зголеми на 511 евра. Косово пред половина година го зголеми минималецот на 350 евра. Најниската плата во Албанија е околу 400 евра, а во Србија е 450 евра. Од земјите во Европската Унија, најниската плата е во Бугарија и изнесува 477 евра, а највисока минимална плата се исплатува во Луксембург од 2.571 евро.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press