Невработеноста во еврозоната се зголеми.
Во декември 2024 година, сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната беше 6,3 отсто, што е зголемување од 6,2 отсто во ноември лани.
Во декември минатата година, Шпанија имаше највисока стапка на невработеност во ЕУ од 10,6 отсто, потоа следи Грција (9,4 отсто), Финска (8,7 отсто), Шведска (8,5 отсто) и Франција (7,8 отсто). Најниска стапка на невработеност имаше Чешка (2,6 отсто), потоа Малта и Полска (и двете со 3 отсто), Германија (3,4 отсто), Холандија (3,7 отсто) и Бугарија (3,8 отсто).
Евростат објави дека 12,978 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,830 милиони во еврозоната, биле невработени во декември 2024 година.