Претседателот на САД, неодамна изјави дека САД се единствената држава на светот која нуди државјанство на дете родено на нејзина територија, без оглед на националноста на родителите. Но, тоа не е точно - многу други земји ја практикуваат принципот на неограниченост - jus soli, што значи „право на земја“, вклучувајќи ги соседите на САД, Канада и Мексико.
Всушност, повеќето земји кои нудат автоматско државјанство на оние кои се родени таму се во Америка, како што се Аргентина, Бразил, Чиле и Перу. Во Европа, сепак, повеќето земји го практикуваат принципот на jus sanguinis - кој гарантира државјанство на детето ако еден или двата родитела ja имаат таа националност.
Нема земја во ЕУ која автоматски и безусловно дава државјанство на децата родени таму од страна на странски родители, се вели во брифингот на Европскиот парламент.
Некои земји имаат облик на jus soli, но тоа доаѓа со одредени услови, најчесто дека родителите требало да живеат во земјата одредено време пред да се роди детето.
Европските земји кои имаат такви правила се Белгија, Германија, Ирска, Португалија и Велика Британија.
Некои земји практикуваат двојно jus soli. Тоа подразбира дека децата родени во земјата од странски државјани можат да добијат државјанство по раѓање ако барем еден од нивните родители е роден во таа земја.
Децата на овој начин автоматски стекнуваат државјанство во Франција, Луксембург, Холандија, Португалија и Шпанија.
Белгија и Грција исто така имаат двојно jus soli, но со одредени услови.
Понекогаш jus soli во Европа е ограничен со забрана за двојно државјанство, како на пример во Шпанија. Тука, децата на странски државјани можат да стекнат државјанство на овој начин само ако се откажат од кое било друго странско државјанство стекнато со раѓање, се вели во брифингот на Европскиот парламент.
Извор: eupravozato.mondo.rs