![На продажба последниот „Фокер“ на Монтенегро ерлајнс, можете да го купите за само 23.900 евра!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/0e/281c27e0-resize-820x0x100.jpg)
Стечајниот управител на Монтенегро ерлајнс, Милан Радуловиќ, објави нова продажба на имотот на поранешната национална авиокомпанија, вреден 1,94 милиони евра. Меѓу другото, на продажба е и последниот авион Фокер за 23.900 евра.
Таа цена е за десет илјади евра пониска од онаа во ноември 2024 година.
Понудите може да се поднесуваат до 24 февруари, а ќе бидат отворени три дена подоцна во Стопанскиот суд.
Нив можат да ги поднесат фирми и граѓани од земјава и странство кои уплаќаат депозит – десет отсто од цената на имотот за кој се заинтересирани.
Извор: 4news.mk