
Откако го продолжи зимскиот распуст на децата низ цела Македонија, Владата во текот на вчерашниот ден излезе со нови предлог-мерки кои треба да ги направат приватниот и државниот сектор додека трае енормното аерозагадување.
Денеска сите државни и јавни институции од работни обврски мора да ги ослободат трудниците, луѓето постари од 60 години како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
Истото му се препорачува и на приватниот сектор. Ослободени од работа се и онколошко болните и оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања.
Мерките беа соопштени во текот на вчерашниот ден.