![„Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2a/f71826a2-resize-820x0x100.jpg)
Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави Mинистерот за внатрешни работи во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Министерот рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. Формирана е работна група во која има експерти од различни области, претставници на повеќе институции и МВР, кои, според министерот, интензивно работат на решение.
-Што се констатираше досега? Неусогласеност на законите од аспект на нејасно дефинирање на Кривичен законик (КЗ) со Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата и Закон за прекршоци. Преклопување на дејствија на извршување. Значи, ние мораме да опфатиме измени и дополнување на КЗ за да разграничиме јасно што е кривично дело, а што е прекршок од аспект на безобѕирно управување со моторно возило, и мене ако ме прашате лично, да додадеме во рамки на дејствијата на безобѕирно управување со моторно возило и одземање на возачка дозвола, рече Министерот.
Министерот додаде дека мора да се регулира доказната вредност на камерите.
Извор: vreme.mk