
Познатата платформа World of Statistics, која собира податоци и статистики од различни области, објави листа на европските земји каде е најбезбедно да се шета сам ноќе.
Хрватска втора година по ред е на првото место, а по неа следуваат Словенија, Исланд, Грузија, Швајцарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска и Холандија, додека Србија на оваа листа се наоѓа на 15-то место.
Според нивното истражување, трите најнебезбедни земји се Франција, Белорусија и Белгија.
Погледнете ја целосната листа подолу: