![Најскапа струја на Балканот – зошто македонските граѓани плаќаат најмногу?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/da/c43357ad-resize-820x0x100.jpg)
Македонските домаќинства плаќаат највисока цена за електрична енергија во регионот, покажуваат најновите податоци за 2024 година.
Според статистиката, просечната цена за киловат-час во Македонија изнесува 6,08 денари, што е значително повеќе во однос на соседните земји. Во Албанија и Црна Гора цената изнесува 5,72 и 5,49 денари, во Србија 4,81 денари, во Босна и Херцеговина 4,45 денари, а најевтина струја плаќаат граѓаните на Косово – само 4,05 денари за киловат-час.
Ако земеме во предвид дека едно просечно четиричлено семејство во Македонија месечно троши околу 500 kWh, тогаш нивната сметка за струја би изнесувала 3.040 денари. Во споредба со другите земји:
• Во Албанија би плаќале 2.860 денари
• Во Црна Гора би плаќале 2.745 денари
• Во Србија би плаќале 2.405 денари
• Во БиХ би плаќале 2.225 денари
• Во Косово би плаќале 2.025 денари
Ова значи дека македонските граѓани за истата потрошувачка плаќаат 1.000 денари повеќе од граѓаните во Косово и значително повеќе од речиси сите соседи.
Овие бројки отвораат сериозни прашања за енергетската политика и механизмите за регулирање на цените во Македонија. Додека граѓаните се соочуваат со сè повисоки животни трошоци, останува дилемата – зошто струјата во земјава е поскапа отколку во целиот регион?